за

Кинески возач нападнат од џиновска пила среде автопат

Судбината му приредила вистинско соочување со смртта на еден возач во Кина. Додека тој возел по автопат во Централна Кина, залетана џиновска пила му влетала директно во автомобилот.

Сценарио зрело за хорор филм. Извесен господин Ксианг возел на пат до дома, кога неговото возило одненадеж било пресечено од џиновска кружна пила. Кинезот имал вистинска среќа што пилата не доспеала до ветробранот, откако го пресекла целиот преден дел од возилото и ладилникот. Кружната пила со пречник од 1,5 метар се зарила во хаубата и единствено масивниот блок на моторот успеал да ја спречи да го сече возилото понатаму. Возачот дури тогаш сфатил што му се случило. „Слушнав само силен удар и одненадеж се беше во бел чад“, објаснува господин Ксианг. Тој не бил во состојба да го запре возилото, затоа што водената пареа од расечениот ладилник му го попречила погледот. На крај, тој сепак успеал да запре покрај оградата и излегол од големиот пикап неповреден.

Вистинско чудо е што возачот успеал да го преживее „нападот“

Причината за застрашувачката незгода со пилата се наоѓала на спротивната лента. Возач на пикап ја изгубил контролата врз возилото и удрил во оградата, при што трите натоварени и недоволно прицврстени пили излетале од товарниот простор. Една од пилите се зарила во возилото на Ксианг што наидувало отспротива. Причинителот на незгодата воопшто и не забележал дека дел од неговиот опасен товар за малку ќе предизвикал трагична катастрофа на спротивната лента.

Пикапот што го „изгубил“ опасниот товар откако возачот удрил во оградата
Пикапот што го „изгубил“ опасниот товар откако возачот удрил во оградата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar против роботизираните автомобили: „Возачите не се товар!“

Ford со комплетен арсенал на „Фестивалот на брзината“ во Гудвуд