Со 1,84 милион продадени автомобили и камиони во април, продажбата на Кина забележа раст од 13,4 проценти во споредба со минатиот април и покрај слабеењето на економијата. Аналитичарите се изненадени.
По првите четири месеци од годинава, бројот на продадени автомобили и доставни возила изнесува вкупно 5,86 милиони примероци, односно 16,2 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Тоа е многу повеќе од предвидувањата на аналитичарите. Во овој раст не учествуваат јапонските автомобилски марки, кои од минатата есен забележуваат драстичен пад во продажбата, поради спорот меѓу Јапонија и Кина околу петте ненаселени острови во Кинеското Море. Кинезите, сепак, постепено им се враќаат на јапонските автомобили. Во првите четири месеци од 2013 година, јапонските марки бележат намален пад во продажбата од 12,9 проценти.