за ,

Кинезите избираа автомобил на годината: Победник е Geely GC9

Кинески автомобил ги декласираше моделите на сите светски марки и победи во домашниот избор за автомобил на годината. Кинезите се свесни за значењето на нивниот пазар.

На свечена церемонија во рамките на салонот во Гуанжу, Geely GC9 е прогласен за автомобил на годината во Кина за 2016 година. Кинески автомобил ги победи сите светски марки и ја понесе престижната титула, да се гордее пред купувачите на најголемиот пазар за автомобили во светот. Замислете како би изгледало кога италијански автомобил би победувал во изборот на автомобил на годината во Италија, германски во Германија, француски во Франција, и по тој редослед. Тоа е гордост.

IMG_7679Првиот човек на Geely, Ан Конгуи, изјави: „Голема чест е за Geely добивањето на титулата на автомобил на годината во Кина. Како домашен кинески бренд, ќе дадеме се од себе да ја подобриме репутацијата на кинеските производители.“ Geely GC9 е прв домашен модел што ја понесува оваа титула и се избори за истата пред 140 кандидати.

Според оцените на 22-членото жири на изборот, Geely GC9 е „совршен спој на новиот и современ дизајнерски јазик на Кина, со врвна технологија од Volvo. Понатаму, жирито смета дека GC9 е просторен, луксузен и со освојувачки квалитет, и воопшто е мошне конкурентен во сегментот на средната класа. „Тој е чекор понапред од поранешните модели од кинеските производители.“

Изборот за автомобил на годината во Кина почна да се одржува во 2013 година.

Победници во останатите четири категории се:

  • 2016 China Design Car of the Year – Mercedes-Benz AMG GT S | 61 бод
  • 2016 China Performance Car of the Year – Ferrari 488 GTB | 116 бодови
  • 2016 China Green Car of the Year – Lexus NX 300h | 92 бодови
  • 2016 China SUV of the Year – Volvo XC 90 | 72 бодови

Топ 3 финалисти во изборот за автомобил на годината во Кина:

  1. Geely GC9 | 104 бодови
  2. Mercedes-Benz Maybach S-Class | 61 бодови
  3. Jaguar XE | 55 бодови

Топ 3 финалисти во изборот за спортски автомобил на годината во Кина:

  1. Ferrari 488 GTB | 116 бодови
  2. Porsche 911 GT3 RS | 55 бодови
  3. Mercedes-Benz AMG GT S | 49 бодови

Топ 3 финалисти во изборот за најдобро дизајниран автомобил на годината во Кина:

  1. Mercedes-Benz AMG GT S | 61 бодови
  2. Ford Mustang | 59 бодови
  3. Volvo XC 90 | 52 бодови

Топ 3 финалисти во изборот за најеколошки автомобил на годината во Кина

  1. Lexus NX 300h | 92 бодови
  2. Audi A3 Sportback e-tron | 73 бодови
  3. BMW 530Le Plug-In Hybrid | 55 бодови

Топ 3 финалисти во изборот за спортски теренец на годината во Кина

  1. Volvo XC 90 | 72 бодови
  2. GAC Toyota Highlander | 54 бодови
  3. Land Rover Discovery Sport | 47 бодови
  4. Ford Edge | 47 бодови

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Volt е „Најзелениот автомобил за 2016 година“

По премиерата на 124 Spider: Остана ли нешто оригинално во марката Fiat?