за

Кина е неприкосновен лидер во електричните автомобили

кина-лидер-електричните-автомобили

Електричните автомобили во моментов постигнуваат најголем напредок во Кина. Според сите критериуми – технологија, индустрија и пазар – големата азиска земја води пред САД, Франција и Германија. Многуте стартап-компании најавуваат зголемување на предноста.

Кина е земјата на електричните автомобили. Во студијата на консултантската компанија Роланд Бергер за напредокот на електричниот погон во светски рамки, Кина е неприкосновена на врвот. Аналитичарите на секои три месеци ја оценуваат конкурентноста на седумте автомобилски нации Германија, Франција, Италија, САД, Јапонија, Кина и Јужна Кореја во електричниот погон.

Кинеската влада ги подржува електричните автомобили со масивни субвенции

Во предвид се земаат технологијата, индустријата и пазарот. Со двата врвни пласмана во категориите индустрија и пазар во вториот квартал од годинава, Кина за првпат се најде во улога на светски лидер. Овој напредок на земјата меѓу другото се должи и на државните субвенции и полесното регистрирање на возилата со електричен погон. За пласманот допринесуваат и моќните стартап-компании, коишто располагаат со голем капитал и чекор по чекор се докажуваат во светски рамки.

Во категоријата индустрија, Кина профитира од големиот продукциски волумен на домашните производители. Во периодот од 2015 до 2019 година се предвидува тие да произведат вкупно 3,5 милиони возила со погон на струја. Второпласирани се американските производители, коишто во истиот период ќе постигнат само една третина од продукцијата на Кинезите.

кина-лидер-електричните-автомобили 1534

Покрај тоа, повеќе од 90 проценти од возилата се опремени со литиум-јонски батерии од локално производство. Со тоа Кина стана и светски лидер во изработката на батерии за електрични автомобили, сметано според продукцискиот обем.

Германските марки имаат произведено повеќе електрични автомобили, но пласирана е послабо затоа што од лани речиси целосно е исчезнато локалното производство на батерии. Во оваа категорија, земјата е четврта во светот, зад Јапонија. Европа генерално заостанува зад Азија во поглед на производството на батерии.

Франција има помалку електрични автомобили, но нивниот удел е поголем

Кина е лидер и во категоријата пазар. Лани во земјата се продадоа 350.000 електрични автомобили, што претставува двојно зголемување. Франција парира, иако бројот на продадени возила со електричен погон е помал во споредба со Кина, но затоа е поголем нивниот удел во вкупната продажба на автомобили. Германија е четврта со 28.000 електрични и плагин-хибридни автомобили продадени во 2016 година. Овие возила учествуваат со само 0,8 проценти во вкупната продажба во земјата.

Силната позиција на Кина во електромобилноста произлегува и од државните субвенции. Само во 2015 година, кинеската влада издвоила над една милијарда евра за поддршка на електричниот погон. Но, поради бројните измами и злоупотреби, Кина кон крајот на минатата година го скуси буџетот за оваа намена за една петина.

Nio EP9 е најбрзиот електричен автомобил и вози со моќност од еден мегават

Големата азиска земја сепак продолжува да ги следи амбициозните планови. До 2025 година се планира 15 до 20 проценти од продажбата во земјата да отпаѓа на електрични возила. До 2030 година овој удел треба да се искачи на 40 до 50 проценти.

кина-лидер-електричните-автомобили 3534

За овие цели да се достигнат, Кина не само што издвојува големи средства, туку го поттикнува и основањето на иновативни стартап-компании, коишто се специјализирани за електрични возила и автономно возење. Во моментов се случува огромна експанзија на овие компании во Кина. Со инвеститори со голем капитал, искусни менаџери, глобални развојни центри и иновативни бизнис модели, овие „стартапи“ полека почнуваат да владеат во премиум сегментот.

Моќното присуство на стартап-компании во Кина ги става докажаните производители на автомобили под силен притисок. Големите добавувачи на автомобилската индустрија мораат да работат пофлексибилно, доколку сакаат да останат во игра. Класичните моделски циклуси од седум години се вон конкуренција. Производителите мораат да реагираат побрзо, повлексибилно и поиновативно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Совети за клима-уредот

Совети: Клима-уредот се гасне пред да заврши возењето

Дубаи воведува летечко такси

Дубаи воведува летечко такси