за

Кина има најмлади возачи на класата Ѕ на Mercedes

Новата класа Ѕ се продава подобро од која било претходна генерација на знаменосецот на Mercedes. По една година од стартот се продадени преку 100.000 примероци.

Никогаш досега во првата полна година по пазарното воведување на класата Ѕ не се продадени повеќе примероци од моделот отколку во оваа година. Во првите девет месеци од 2014 година, Mercedes продаде 75.391 примероци од класата Ѕ, што е двапати повеќе отколку во истиот период лани (+105,8%). Само во септември, големата лимузина на Mercedes најде 9.501 нови купувачи, што претставува зголемување од 139,3 проценти.

Секој втор продаден примерок од класата Ѕ се испорачува за кинескиот пазар, а секој четврти за САД. Во Кина се и најмладите сопственици на знаменосецот на Mercedes. Во раните 40 години, тие се во просек за 15 години помлади отколку во Западна Европа или во САД. За повеќето од нив, класата Ѕ е дури и прв автомобил што го поседуваат во животот. Кинезите особено ја ценат просторноста на задната клупа, поради што Mercedes ја испорачува луксузната лимузина во Кина само во продолжената моделска изведна. Околу 35 проценти од возилата од класата S се нарачуваат исклучиво со спецификација како шоферска лимузина. Покрај тоа, три четвртини од купувачите на класата Ѕ во Кина нарачуваат мултимедиски систем за задната клупа, со два големи дисплеи вградени во предните седишта.

Голема популарност кај купувачите на класата Ѕ има пакетот Air-Balance. Секоја втора класа Ѕ се испорачува со напредниот клима уред, со потемелно прочистување на воздухот и внесување ароматична нота во кабината. Масажна функција во седиштата псоедува секој четврти купувач на лимузината на Mercedes. Класата Ѕ ќе биде достапна во вкупно шест моделски изведби. Покрај верзиите со нормално и продолжено меѓуоскино растојание, од крајот на септември се нуди и купето од класата Ѕ. Во иднина ќе следуваат уште три ексклузивни деривати. Од крајот на септември во понудата се наоѓа и хибридната верзија S 500 Plugin-Hybrid, со надворешно полнење на батериите, како трет хибриден модел во гамата на моделот, покрај S 400 Hybrid и S 300 Bluetec Hybrid.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ќе понуди хибридна верзија и од малечкиот Aygo

Новиот Peugeot Boxer претставен на „Технома“