за

Кина изнуди поевтини резервни делови за странските марки

Користејќи ги владините медиуми, Кина изнуди странските марки да ги спуштат цените на резервните делови. BMW веќе реагираше со пониски цени, на Audi и Chrysler им се закануваат казни.

BMW неодамна отвори два аутлета за резервни делови за автомобили во Кина, со цел истите да ги понуди на пазарот по драстично пониски цени од претходно. Независните сервисни работилници ќе можат од овие аутлети да се снабдуваат со поевтини резервни делови. Дисконтните центри се отворени во градовите Ганжу и Ханжу, а наскоро ќе следуваат и неколку нови центри во Пекинг.

Исто како и повеќето други производители на автомобили, BMW е под притисок од кинеската влада дека настапува со превисоки цени. Странските марки покриваат голем дел од пазарот на автомобили во Кина, но веќе подолго време се под притисок од властите. Користејќи ги владините медиуми, странските автомобилски марки се критикуваат дека наплаќаат премногу скапо за резервни делови и го контролираат пазарот. Кина веќе поднесе тужби за Audi и Chrysler заради прекршување на условите на конкурентност на пазарот.

Lexus започна преговори со Националната комисија за развој и реформи, по коишто ќе решава за промени на својата политика на резервни делови. Намалување на цените најавија и Daimler, Jaguar Land Rover, како и повеќе други производители. Под притисок од кинеските власти се и десетина добавувачи на автомобилската индустрија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki веќе 45 години прави автомобили што се разликуваат во масата

Renault подготвува верзија RS од новиот Twingo