за

Кина во војна против картелот на автомобилските концерни

Кинеските власти го обвинија Mercedes за манипулирање со цените. Ако модел од класата С се состави само од резервни делови, тој би бил 12 пати поскап од автомобил од салон.

Комисијата за заштита на правилата на конкурентност на пазарот се сомнева дека Mercedes вршел манипулации со цените. Според комисијата, „концернот ја искористил својата позиција на пазарот за да ги контролира цените на резервните делови, како и на сервисирањето и поправките.“ Кинеските медиуми излегоа со процени дека автомобил од класата С составен само од резервни делови би чинел 12 пати повеќе од нов автомобил купен во салон. Концернот Daimler во почетокот на август објави дека од септември ќе ги намали цените на одредени резервни делови за просечно 15 проценти. Во слична ситуација претходно се најде и конкурентот Audi. Престижната марка на Volkswagen и нејзиниот кинески партнер FAW беа обвинети дека утврдиле минимални цени за резервни делови и услужни дејности, со што ги прекршиле правилата за заштита од монопол на пазарот.

Кинеските власти обвинија повеќе производители на возила заради поставување на превисоки цени за автомобили и резервни делови. Само во последните две недели Кинезите обвинија преку 20 реномирани фирми од Америка, Јапонија и Германија за непочитување на правилата на конкурентност. Меѓу фирмите се најдоа Chrysler и Toyota. Прекршувањето на законите против монопол во Кина се санкционираат со казна во висина од еден до десет проценти од годишниот промет во земјата, што кај поголемите производители може да достигне повеќе стотици милиони евра. Доколку претпријатието реагира со корегирање на цените, властите може да одредат пониски казни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уникатниот BMW i8 се продаде за 825.000 долари во Пебл Бич

25-годишнина на Calibra: На овој Opel дури и Porsche му се тргаше од пат