за

Кафето ја намалува опасноста од незгода

Добра вест за сите љубители на кафето. Нивната зависност од кофеин ја смалува опасноста од незгода. Истото важи и за љубителите на чајот.

Внесувањето кофеин ја смалува опасноста од незгода. Тоа е заклучокот до кој што дојде студијата спроведена меѓу австралиските возачи на долги релации. Според специјализираниот магазин „British Medical Journal“, опасноста од незгода се намалува за 63 проценти кај анкетираните возачи, ако тие внесуваат пијалоци што содржат кофеин, вклучувајќи чај и енергетски напитоци, односно таблети.

Во студијата учествувале преку илјада возачи на камион. Половината од нив претходно учествувале во симулирана сообраќајна незгода. Откако научниците ги филтрирале факторите на влијание, како искуството, извозените километри или часовите во спиење, тие утврдиле поврзаност меѓу шансите за незгода и претходното внесување на кофеин. Заклучокот од студијата: Кофеинот ја задржува концентрацијата на високо ниво и со тоа ја намалува опасноста од незгода.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bosch и Mitsubishi соработуваат на новата генерација батерии

Купувањето адитиви за масло е губење пари