за

Калифорнија отвори еко-лабораторија од казните на Volkswagen

калифорнија лабораторија рде

Калифорниската агенција за зачувување на чистиот воздух отвори нова лабораторија за тестирање на издувни гасови. Лабораторијата во Калифорнија чини над 400 милиони долари, голем дел од парите доаѓа директно од казните на Volkswagen.

Една третина од парите коишто на калифорниската агенција за зачувувување на квалитетот на воздухот ѝ беа потребни за отворање на новата лабораторија за издувни гасови доаѓаат директно од наплатените казни од Volkswagen. Германскиот концерн мораше на американските институции да им исплати дебела парична казна поради дизел-скандалот.

Новата лабораторија за тестирање вредна 420 милиони долари ќе служи како репер за мерните уреди што производителите на автомобили ги користат за одредување на количината на штетни материи. Калифорнија ќе ги користи уредите за тестирање во борбата против измамите со издувните гасови.

Досегашните тестирања во Калифорнија се вршеа во лабораторија стара над четири децении

Лабораторијата ќе се гради во близина на универзитетскиот кампус и ќе има на располагање неколку мобилни уреди за тестирање на издувните гасови според нормата RDE. Досега се користеше повеќе од четири децении старата лабораторија во Ел Монте, во којашто се вршеа само стационарни тестирања.

Во текот на претстојната седмица, Калифорнија ќе предложи план, за емисијата на СО2 до 2030 година да се намали за 40 проценти во споредба со 1990 година. Тоа би значело дека 40 проценти од новите возила во Калифорнија, до крајот на следната декада ќе мора да поседуваат електрифицирана погонска спрега. Моментно нивниот удел изнесува само три проценти.

Наспроти тоа, Трамп уште пролетоска најави дека ќе ги укине строгите норми за потрошувачката на гориво и емисијата на штетни материи за новите автомобили. Овие норми беа донесени за време на претходната влада на Барак Обама.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електричните автомобили кина

Кина е светски шампион во електричните автомобили

mercedes

Славенички поход ги донесе мерцедесовци во Скопје