за ,

Календар со еротски мотиви на Liqui Moly ќе ни ја разубавува и 2016-та

Есента е време за календари. Liqui Moly е веќе подготвен за 2016 година со прочуениот еротски календар. Секој месец има два различни мотива, фотографиите се направени во Јужна Африка.

Есента е убава и поради календарите што ни ги носи од фирмите од автомобилската бранша. Специјалистот за моторни масла и адитиви Liqui Moly меѓу првите го објавува календарот, уште пред да настапат големите студови, и сосема е разбирливо зошто.

Фотосесијата за еротскиот календар на Liqui Moly за 2016 година е направена во Кејптаун и Јоханесбург, во Јужна Африка. Календарот е посебен и поради тоа што почнува во декември и има 13 место „само“ дванаесет месеци, а покрај тоа за секој месец стојат на располагање и два мотива, така што ги има вкупно 26 на број.

Еротскиот календар се дистрибуира првенствено до сервисните работилници и до редовните клиенти на Liqui Moly, но може и да се набави преку http://www.liqui-moly-teamshop.de . Неговата цена е 17,99 евра и може да се нарачува веќе од 9-ти ноември.

Во нашата галерија можете уште однапред да ги запознаете мотивите за 2016-та година

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford распишува натпревар за најдобра мобилна апликација

Само електрични автомобили на конференцијата за клима во Париз