за

Како Ford Transit стана најпродавано доставно возило во светот

Ford Transit беше најпродавано доставно возило лани со близу 400.000 примероци. Стратегијата еден ист модел да се нуди на глобалниот пазар, место различни модели за секој регион, покажува резултати.

Фирмите со големи возни паркови и трговците сé почесто се решаваат за Ford Transit кога треба да се избере доставно возило што најдобро ќе ја заврши работата. Transit е најпродаван фургон на планетава, со близу 400.000 примероци лани и одлични изгледи годинава да биде постигната уште подобра продажба.

Наспроти вообичаената практика различни модели да се нудат посебно за одделните региони, марката со синиот овал реши еден ист модел да нуди на глобалниот пазар, со можност за негово лесно приспособување според регионалните услови.

Традиција на европскиот пазар подолга од половина век

Transit е присутен на европскиот пазар подолго од половина век и во тековната година одлично ја користи оваа традиција, зголемувајќи го пазарниот удел од 10,8 на 12,9 проценти. Ford по 18 години повторно е најпродавана марка доставни возила во Европа, со комплетно моделско семејство составено од Transit, Transit Custom, Transit Connect и Transit Courier.

Во првите три квартали од годинава, Ford продаде 247.000 доставни возила, што е за 18,6 проценти повеќе од лани. Голем дел од овој успех се должи на воведувањето на новата генерација дизели EcoBlue во Transit и Transit Custom, со подобрена економичност и намалени оперативни трошоци.

По еден нов Transit излегува од производствените хали на секои три минути

Transit e најпродавано доставно возили и во САД, со удел од 40 проценти во сегментот на големи доставни комбиња. Ford е на најдобар пат да ја има најдобрата продажба во САД по 1978 година – повторно благодарение на Transit. Истото е случај и во Кина, кадешто се очекува Transit да стане најпродаван моделско име годинава.

Долгата традиција се навраќа до 9-ти август 1965 година, кога Ford го произведе првиот Transit во Ленгли, Англија. Оттогаш се произведени над 8 милиони примероци од Transit и Transit Custom – доколку сите продадени примероци се наредат во линија, таа би ја обиколила земјината топка. Во просек, по еден Transit излегува од производствените хали на секои три минути.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова куќа во ЕУ само со приклучок за полнач за електромобил

lynk-co_01, geely

Нова кинеска марка Lynk & Co: Автомобил со еден сопственик и повеќе корисници