за

Како да направите малечок скутер да звучи како бесна машина

Немаат сите луѓе голем мотор, а задоволството тој да звучи како тркачка машина е големо. Има решение и за тоа. Овој скутерџија пронашол евтин начин како да постигне оригинален звук.

Светот има изнајдено безброј решенија како да се подобри или промени постоечкиот звук од моторот. Но, ова решение досега е дефинитивно најдоброто. Генијалноста е во тоа што интервенцијата во звукот се врши без каков било трошок. Целата работа ја завршува трубаџијата седнат како совозач на скутерот. Човек што ќе помогне во овој акустичен ефект би можел да се најде лесно во викендите пред матично.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со ова Porsche може вистински да се лета

Дизелот ја удвои продажбата на спортскиот Ford Focus ST