за

Штутгарт најскап, Келн најевтин: Каде по користен автомобил во Германија?

цена користен автомобил германија

Германија по традиција е меѓу првите одредишта за сигурен избор на користен автомобил. Онлајн-берзата Autoscout24 објавува во кои градови во земјата се најевтини користените автомобили, во кои се најскапи. Оддалеченост од само неколку километри може да значи голема разлика во цената.

Онлајн-берзата за продажба на возила Autoscout24 ги пресмета просечните цени на користените автомобили во пет најголеми градови во секоја сојузна држава во Германија. Цените се одредуваа според принципот на „потрошувачка кошничка“. Во неа влегуваат десетте најчесто понудени модели на пазарот на користени автомобили во Германија, стари до десет години.

Просечната вредност на возилата се движи од 9.449 евра во градот Фолклинг во Сарланд, до 22.124 евра во градот Битерфелд-Волфен. Од градовите со повеќе од еден милион жители, Минхен е најскап со 17.910 евра. На целосниот список, Минхен сепак е само на 24-то место на најскапи градови за користени автомобили. Затоа, пак, Келн е четврти најевтин град за купување користен автомобил, со просечната цена од 14.532 евра.

Овие модели се најиздржливи според извештајот на TUV

Според истражувањето на Autoscout24, не постои правило каде користените автомобили се најевтини. Ниту врз основа на приходите, западната или источната ориентација или пак бројот на жители не може да се донесе заклучок дали бараниот автомобил е евтин или скап во одреден град.

Милионските градови по правило се поевтини од помалите градови

Порталот препорачува цените за бараниот модел да се споредуваат во неколку различни градови. Како што покажува ранг-листата на Autoscout24, просечните цени се разликуваат и до десетина илјади евра. Градови што се оддалечени само неколку километри може драстично да се разликуваат во цените на користените автомобили.

Купување користено возило: Листа на проверки на Automedia

Најскапиот град Битерфелд-Волфе и Хале, кадешто просечната цена е за над 4.000 евра пониска (17.944 евра), оддалечени се само половина час возење. На второто место на најскапи градови е Олденбург. Разликата во цените меѓу овој град и Бремен, којшто исто така не е оддалечен премногу, изнесува 6.000 евра.

Мала оддалеченост може да значи голема разлика во цената на користен автомобил

Универзитетската престолнина и домот на високата технологија Јена е следниот источногермански град, кој е на третото место со 20.955 евра. За споредба, соседниот Вајмар е на 64-то место на најскапи градови и со просечна цена од 14.806 евра е еден од најевтините градови на списокот. Купувачите на автомобил во Фленсбург, на Северот на земјата, кој е четврти најскап град (20.613 евра), подобро е да се упатат во Нојминстер (14.064). Место во Штутгарт (5-то место, 20.590 евра) или во Минхен (24-то место, 17.910 евра), поевтин користен автомобил ќе се најде во Аугсбург, кадешто просекот изнесува 15.642 евра.

Има и градови со просек под 10.000 евра

Најевтино е возењето во Фелклинген, во Сарланд, кадешто во просек се доволни 9.449 евра за користен автомобил да добие нов сопственик. За споредба, автомобилите во соседниот Сарбрикен во просек чинат речиси двојно повеќе, со 18.231 евра. Втор најевтин град е Хајделберг, со 13.009 евра, со голема разлика во споредба со блискиот Махнајм, кадешто просекот изнесува 18.972 евра.

Ова се просечните цени за користен автомобил во германските градови:

1. Битерфелд-Волфен: 22.124 €

2. Олденбург: 21.049 €

3. Јена: 20.955 €

4. Фленсбург: 20.613 €

5. Штутгарт: 20.590 €

6. Кил: 20.531 €

7. Вирцбург: 20.309 €

8. Волфсбург: 20.245 €

9. Регенсбург: 19.181 €

10. Манхајм: 18.972 €

11. Касел: 18.965 €

12. Оснабрик: 18.890 €

13. Лутерштат Витенберг: 18.592 €

14. Котбус: 18.553 €

15. Лајпцих: 18.408 €

16. Либек: 18.404 €

17. Сарбрикен: 18.231 €

18. Десау-Рослау: 18.186 €

19. Кајзерслаутерн: 18.185 €

20. Грајфсвалд: 18.082 €

21. Фрајбург: 18.007 €

22. Франкфурт: 17.981 €

23. Хале: 17.944 €

24. Минхен: 17.910 €

25. Рошток: 17.686 €

26. Карлсруе: 17.466 €

27. Кобленц: 17.411 €

28. Бранденбург: 17.394 €

29. Цвикау: 17.247 €

30. Дрезден: 17.142 €

31. Дармштат: 17.099 €

32. Магдебург: 17.096 €

33. Гера: 17.094 €

34. Плауен: 17.061 €

35. Ораниенбург: 17.035 €

36. Потсдам: 16.888 €

37. Ерфурт: 16.586 €

38. Нирнберг: 16.568 €

39. Ајзенах: 16.510 €

40. Хомбург: 16.501 €

41. Ст. Ингберт: 16.490 €

42. Берлин: 16.469 €

43. Диселдорф: 16.386 €

44. Хамбург: 16.351 €

45. Шверин: 16.215 €

46. Нојнкирхен: 16.197 €

47. Трир: 16.178 €

48. Офенбах: 16.141 €

49. Брауншвајг: 16.105 €

50. Франкфурт/Одра: 15.951 €

51. Лудвигсхафен: 15.917 €

52. Визбаден: 15.866 €

53. Хановер: 15.857 €

54. Нордерштет: 15.684 €

55. Есен: 15.669 €

56. Шталзунд: 15.648 €

57. Аугсбург: 15.642 €

58. Мајнц: 15.611 €

59. Кемниц: 15.510 €

60. Дортмунд: 15.425 €

61. Бремен: 15.184 €

62. Нојбранденбург: 14.957 €

63. Дуизбург: 14.831 €

64. Вајмар: 14.806 €

65. Келн: 14.532 €

66. Нојминстер: 14.064 €

67. Хајделберг: 13.009 €

68. Фелклинген: 9.449 €

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобил со бандери на покрив

Во Холандија возат и со бандери на покривот

tesla model 3 vnatresnost

Tesla Model 3 буквално растура: По 2.000 нарачки секој ден