за

И тракторите имаат системи за асистенција

Возачите на автомобили не се единстрајтвени што можат да се потпрат на помошни електронски системи. Тракторите на Same Deutz-Fahr располагаат со систем што гледа повеќе од очите на возачот.

Трактористите конечно ќе можат да дишат слободно зад воланот. Нивната ноќна мора во форма на пристапување на крстосница, кога поради долгиот „нос“ на тракторот и седењето на другиот крај на возилото не може да се види дали отстрана наидува возило, без притоа длабоко да се навлезе во крстосницата, наскоро ќе може да се смета за завршена. Барем возачите на трактор од Same Deutz-Fahr можат да бидат спокојни, кога технологијата од студијата Driver Extended Eyes ќе почне да се применува во серија.

„Продолжените очи на возачот“ се три дигитални камери зад маската – едната е насочена надолу и на возачот му дава приказ дали можеби има нешто пред тракторот, додека останатите две се завртени странично и „гледаат“ дали наидува возило или дали пешак минува улица. Сликите од трите камери се обработуваат во „System on a Chip“. Помошниот систем го предупредува возачот доколку има лице пред тракторот, по визуелен и акустичен пат, но дополнително посегнува и во менувачот и спречува поаѓање на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Euro NCAP ќе тестира и системи за препознавање пешаци

Fiat 500: Милион и половина од најиталијанскиот автомобил од … Полска