за

И тоа е Rolls-Royce: Сервисен повик само за еден автомобил

Додека повеќето производители честопати повикуваат и милиони возила за отстранување на фабричките дефекти, во Rollsе-Royce е малку поразлично. Британците бараат еден единствен примерок од Ghost да им дојде во сервис.

Со сервисните повици не им е лесно на големите производители. Неретко дури и милиони возила мора да се сервисираат во најкус рок заради отстранување на најразлични пропусти, без разлика дали се работи за фабричка грешка, пропуст кај добавувачот или конструкциски недостаток. Ниту Rolls-Royce не е поштеден од сервисните повици. Но, кај нив во овој случај е малку поразлично.

Британскиот производител на луксузните лимузини бара во сервис да им се појави еден единствен Ghost од втората генерација, произведен на 23-ти јануари во фабриката во Гудвуд. Станува збор за безбедносен пропуст, односно утврдено е дека воздушните перници за возачот и совозачот се дефектни, при што постои опасност страничното подрачје на градниот кош да биде недоволно заштитено при судир.

Проблемот е сепак во тоа што Rolls-Royce не може да го пронајде сопственикот на овој конкретен примерок на Ghost во САД. Затоа е контактирана агенцијата за безбедност на возилата во земјата и официјално е објавен сервисен повик, како што пропишуваат законите за сите производители. Воздушните перници ќе бидат заменети бесплатно од страна на американската филијала на Rolls-Royce.

Во секој случај, постои потреба од квалитетни воздушни перници во овој колос од 2,5 тони, кој со своите 570 КС забрзува до сто за помалку од пет секунди и крајната брзина му е ограничена електронски на 250 километри на час.

Каде е возилото и каква судбина доживеало возилото во САД, можеби и ќе се дознае наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Четирицилиндарски мотори се враќаат во Porsche по 20 години

Mercedes 300 SL: Седум милиони долари за редок „Sportabteilung“