за

Иниеста и Силва се новите амбасадори на Nissan

Шпанскиот репрезентативец и играч на Барцелона, Андрес Иниеста, и Бразилскиот репрезентативец и капитен на Парис Сен-Жермен, Тиаго Силва, се новите амбасадори на Nissan.

Како два нови „инженери на возбуда“, Иниеста и Силва ќе бидат главни носители во кампањата со која што Nissan ќе ги претстави своите новитети пред љубителите на фудбалот. Рекламната кампања со двете нови лица стартуваше синоќа за време на телевизискиот пренос на суперкупот на УЕФА. Во Nissan се горди на соработката со ѕвездите од фудбалскиот терен: „Како двајца од водечките играчи што имаат освоено повеќе титули, Андрес и Тиаго ќе ги предадат својата пасија и ентузијазам во Nissan, за заедно да иновираме со цел да им обезбедиме возбуда на навивачите.“

Иниеста и Силва ќе се појавуваат во серијата од ТВ-реклами, коишто имаат за цел да прикажат дека иновацијата е клучен фактор, како на теренот така и надвор од него, во создавањето на возбудата за љубителите на фудбалот и на возачите. Nissan е главен автомобилски спонзор на Суперкупот и Лигата на шампиони на УЕФА, со договор за четири сезони во периодот до 2018 година. Како официјален партнер, Nissan ќе учествува во најпрестижното фудбалско соочување во Европа, настапувајќи со ексклузивни производи и услуги.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Mondeo е прв модел на Ford со адаптивни диодни светла

Новата Chevrolet Niva ќе се појави на салонот во Москва