за

Индија забранува возила со автономна технологија

индија сообраќајно секојдневие

Роботските автомобили ќе бидат забранети по индиските патишта. Со нив ќе се изгубат голем број работни места. Тоа е категоричниот став на министерот за сообраќај на Индија. Но, постои уште една причина за забрана на овие автомобили.

Додека автомобилската бранша се наоѓа во еуфорија од можностите што ги нуди технологијата за автономно управување на возилата, индискиот министер за сообраќај Нитин Гадкари има поразлично гледиште. Министерот не сака по патиштата низ Индија да дозволи техника којашто ќе одземе голем број работни места.

Постои и друга причина за забраната, и таа е исто толку издржана колку првата. Автомобилите без возач може да се користат како подвижни бомби од страна на терористичките организации. Тоа е гледиште што првпат беше изнесено уште откако Google започна со тестирање на својот роботски автомобил. Ставот на индискиот министер сепак укажува на тоа дека револуционерните технологии не можат да бидат пречекани еуфорично насекаде.

Половина милион возачи ќе се обучуваат во следните пет години во Индија

Во земјата моментно постои недостиг од 2,2 милиони професионални возачи. Гадкари и покрај тоа нема да дозволи возила со автономна технологија да се движат по индиските патишта. Владата гледа решение во отворање стотици автошколи. Во следните пет во нив ќе бидат обучени околу половина милион возачи.

Во САД исто така постои недостиг од професионални возачи, првенствено за тешка категорија возила. За разлика од Индија, тамошната транспортна бранша се надева дека техниката за автономно управување во камионите – во коишто и натаму ќе има потреба од присуство на возач – ќе поттикне поголем број луѓе да се обучат за возачи на камиони.

Фирмите и државата ќе одговараат при незгода поради лоши патишта

Индија се наоѓа пред најголемата реформа во сообраќајот во последните неколку децении. Меѓу многубројните измени се предвидува и неколкукратно зголемување на висината на казните за сообраќајните прекршоци, исто како и на оштетата за семејствата на жртвите во сообраќајот. Тоа ќе повлече и соодветно зголемување на осигурителните премии. Покрај тоа, градежните фирми и државните институции ќе сносат одговорност за незгоди коишто се предизвикани поради неквалитетно изведените патишта или неодржуваните патишта.

Доколку малолетник предизвика незгода со кобни последици, неговите родители ќе одлежат затворска казна во времетраење до три години. Родителите на малолетниците и сопствениците на илегално управуваните возила ќе одговараат и за помали сообраќајни прекршоци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За пет месеци продадени 40 милиони автомобили низ светот

Range Rover Evoque

Range Rover Evoque најпопуларен автомобил во премиер лигата