за

Илон Маск предвидува 1200 km досег на електромобилите до 2020 година

Во интервју за дански дневник, шефот на Tesla Motors излезе со предвидување дека електричните автомобили до 2020 година ќе можат да минуваат до 1.200 километри со едно полнење на батериите.

Илон Маск, мултимилијардер и шеф на калифорнискиот специјалист за електрични автомобили Tesla Motors во интервју за дански дневник излезе со предвидување дека автомобилите со погон на струја за пет години ќе достигнат капацитет да минат до 1.200 километри со полни батерии. Според Маск, годишно се предвидува досегот да се зголемува за 5 до 10 проценти, преку усовршување на батериската технологија.

Тој исто така наведува дека при умерено возење, некои возачи на актуелниот Model S минуваат и по 800 километри со едно полнење. Оттаму, револуционерот на електричниот погон смета дека е сосема реалистично неговите и автомобилите на конкуренцијата да постигнат досег од 1.200 километри до 2020 година. Сегашната батериска техника им овозможува на сопствениците да изминат меѓу 600 до 800 километри при нормално темпо. Првиот човек сепак мора да е добро упатен во иднината на батериската техника, како еден од инвеститорите во идната најголема фабрика за батерии во светот.

Шефот Маск е оптимист и за автономното возење. Тој смета дека првите целосно автономни возила ќе бидат подготвени за старт уште во 2018 година, но ќе мора да се почека до 2020 година, додека властите го одобрат сообраќањето на овие возила во автономен модус по јавните патишта.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bosch го предупредил Volkswagen за илегалниот софтвер во 2007 година

UFO Photobombs Selfie Taken in California