за

Изнајми амбулантно возило да го избегнеш метежот!

Богатите Руси пронајдоа начин да го избегнат уличниот метеж – со изнајмување амбулантно возило, со ротациско светло. Внатрешноста на овие возила не заостанува зад најлуксузните лимузини

Требаше само некој да се сети. Неколку рентакар фирми во Москва се специјализираа за изнајмување на амбулантни возила на богати клиенти, за тие да можат брзо да се пробиваат низ уличниот метеж. На руските интернет огласувачи веќе се наоѓаат многубројни понуди за „амбулантно возило такси“, за кои нема сомнеж дека се наменети за богатите бизнисмени што немаат време и трпение да чекаат во километарските колони во руската метропола.

По пријави од совесни граѓани, полицијата запрела едно од овие возила и по проверката утврдила дека внатрешноста е опремена како луксузен дом на тркала. Службените лица побарале идентификација од патниците што комотно биле сместени во амбулантното возило и очигледно не биле лекари, ниту пак болни лица, но овие одбиле да ги дадат личните документи на увид.

Синото светло како симбол за Путинова Русија

Широките московски булевари и обиколници се редовно блокирани, затоа што автомобилите се оставаат кој каде стигне и затоа што центарот е отворен за сообраќај. Застоите стануваат уште подолги кога полицијата ќе ги блокира улиците за ВИП личностите и политичарите да можат слободно да поминат. За државните челници не важат правилата на обичниот народ. Политичката елита се вози до работа зад темни стакла и со ротациско светло.

„Мигалка“, како што Русите го нарекуваат ротациското светло, прерасна во симбол на Русија во владеење на Владимир Путин. Ветувањето на првиот човек на државата дека ќе минува повеќе време во резиденцијата во Ново Огарјово не донесе промени. Премиерот Димитри Медведев, пак, најави дека во иднина почесто ќе го користи хеликоптерот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто фабричката потрошувачка е недостижна?

Бонус од 8111 евра за вработените во Porsche