за

Идниот Volkswagen Amarok се приближува до изгледот на Touareg

Првите скици од идната генерација на пикапот на Volkswagen најавуваат голема сличност со новиот Touareg и актуелниот дизајн на германската марка.

Европските марки сé повеќе се активираат во освојување на светскиот пазар на пикапи. Првите цртежи од идната генерација на пикапот на Volkswagen најавуваат впечатлива промена во изгледот на Amarok, кој го напушта дизајнот на робусна работна машина и повеќе се ориентира кон луксузниот теренец Touareg. Возните својства исто така ќе напредуваат во насока на „патничката“ понуда, секако со задржување на максимална теренска способност.

 

volkswagen amarok ii 1246

Џинот од 5,25 метри ќе добие поатлетски контури со новиот дизајн на предниот дел. Заедно со надворешните промени следува и освежување на стилот на внатрешноста. Во кокпитот ќе доминираат хоризонтални линии, како стил што Volkswagen во иднина ќе го негува за целата понуда на товарни возила. Овие стилски промени се очекува да привлечат нов круг купувачи на пикапи, првенствено од сегментот на класичните спортски теренци.

volkswagen amarok ii 3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто овој Ford вози во апсолутен мрак низ пустината?

Renault Koleos: Големиот теренец ја започнува кариерата во Кина