за

Златен волан за Audi, BMW, Hyundai и Opel

На гала вечер во седиштето на издавачката куќа Axel Springer во Берлин беа доделени наградите „Златен волан“ за најдобрите автомобилски новитети во 2015 година. Најуспешен годинава е BMW, со три титули.

Годинешниов избор „Златен волан“ мина во сосема поразлично светло од лани. Додека концернот Volkswagen со своите марки лани ја понесе победата во шест од вкупно осумте категории во изборот, на победничкиот подиум годинава се најдоа само два модела, обата од Audi. Ниту еден модел на Volkswagen не освои награда. Лани марката од Волфсбург и спортската марка Porsche целосно доминираа на изборот.

Winner of the „Golden Steering Wheel 2015”: Audi R8 and AudiЧеста на светскиот гигант ја одбрани Audi A4, со победа во категоријата на модели од средната класа, заедно со Audi R8, кој победи кај спортските автомобили. Сите кандидати се оценуваа според 35 критериуми, почнувајќи од возните својства и управливоста, преку потрошувачката на гориво, поврзувањето со преносни уреди, приспособливоста, комфорот и задоволството во возење.

Од 1998 година се нема случено модел на Volkswagen да не освои барем една награда на изборот што го организира најголемиот европски магазин за автомобили Auto Bild, со изданија во 21 земја, заедно со Bild am Sonntag, најтиражен неделен весник во Европа. Наградите во тогашните четири категории на изборот ги освоија Peugeot 206, Ford Focus, BMW 320i и Mercedes S320.

Манифестацијата „Златен волан“ годинава се одржуваше во јубилејно 40-то издание

Златниот волан се доделува уште од 1979 година. Со последните две награди, Audi е најуспешна марка во историјата на изборот, со вкупно 25 победи, повеќе од Volkswagen и Mercedes, обата со по 23 победи. Победници на изборот пред 39 години беа Ford Fiesta, Audi 100 и BMW 633 CSi.

bmw zlaten volanДенес изборот се решава во осум категории. Најдобар во класата на градските автомобили за 2015 година е Hyundai i20, а победата кај компактите ја однесе Opel Astra. Марката BMW има дури три победници во годинешниот избор: X1 е најдобар спортски теренец во средната класа, серијата 7 е најдобра во класата на луксузните автомобили, а ванот Gran Tourer од серијата 2 е победник кај семејните автомобили, како категорија што годинава се доделува првпат.

Зелениот волан, како осма категорија со која што од 2007-ма година се одликуваат најеколошките новитети, годинава не се доделуваше. Жирито составено од експерти од еколошките организации, автоиндустријата, автоклубовите и политиката, поради актуелните збиднувања во аферата со дизелите на Volkswagen, реши да не ја доделува наградата годинава. Покрај тоа, Volkswagen беше исклучен од категоријата на семејните автомобили, поради можната манипулација врз моторот.

Индиецот Ратан Тата со „Почесен волан“ за најголеми заслуги во автомобилската бранша

Во рамките на изборот се доделува награда и за најзаслужните личности во годината. Почесниот волан му припадна на индискиот биснисмен Ратан Тата, кој е одликуван поради особените заслуги во браншата. Индискиот производител на автомобили Tata во 2008 година ги купи британските марки Jaguar и Land Rover, за марките денес повторно да се најдат на патот на некогашниот успех.

Педесетината членови на жирито три дена ги тестираа финалистите на патеката на Fiat во Италија. Годинава во финалето се најдоа 38 модели, почнувајќи од најмалиот Opel Karl, до најголемиот, серијата 7 на BMW.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Macan

Porsche до октомври продаде колку во цела 2014 година

BMW го задржува лидерството, Mercedes го намалува заостатокот