за

Златан Ибрахимовиќ во промоција на новиот Volvo V90

Volvo ја продолжува соработката со Златан Ибрахимовиќ. Фудбалската икона ја има задачата да ја промовира серијата V90 пред почетокот на европското првенство.

Двата шведски аса, автомобилската компанија Volvo Cars и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, синоќа ја лансираа компањата за новиот комби V90 преку националните телевизии и социјалните мрежи. Ибрахимовиќ, кој во изминатиот период се подготвуваше за европското првенство, ја коментира неговата поврзаност со шведската марка автомобили: „Среќен сум што повторно соработувам со Volvo. Ги видов новите автомобили, ги возев и тестирав. Фантастични се. Исто како јас, Volvo го трасираше својот пат со својот смел начин на размислување и делување. Минатата кампања која ја изработивме беше добра, но овој пат, таа е ‘направена од Златан’ (Made by Zlatan)“.

Новата кампања го претставува поранешниот напаѓач на клубот Париз Сен Жермен и долгогодишен љубител на Volvo, од неговите скромни почетоци во една од зафрлените населби во Малме до статус на ѕвезда од светски ранг.

https://www.youtube.com/watch?v=_NvqCNqCcgE&feature=youtu.be

Според Андерс Густафсон, постар потпретседател во Volvo Cars за Европа, Блиски Исток и Африка, кампањата се базира на способноста за различно размислување: „Кампањата е прослава на независниот и слободен ум, на моќта која лежи во способноста да размислуваш поинаку. Постојат многу сличности помеѓу Златан и Volvo. Ние немаше да стигнеме тука каде што сме доколку работевме како другите.“

Надградувајќи го важното поглавје во историја на моделите на Volvo, новиот V90 прави чекор напред во естетиката, материјалите и завршната изработка, но притоа ја нуди полната практичност што е својствена за комби-моделите. Шведската марка внимава особено на безбедноста во возењето, коешто истотака зафаќа дебело поглавје во нејзината историја и го испорачува новиот V90 со напредни системи за асистенција, почнувајќи од систем за самостојно запирање при животни на патот, до систем за полуавтономно возење Pilot Assist.

Зад креирањето на кампањата за V90 стои прочуениот Ханс Цимер, меѓу другото добитник на филмската награда „Оскар“ и име што неразделно се поврзува со филмовите „Гладијатор“, „ Пирати од Карибите“, Инсепшн и Интерстелар

Volvo и Ибрахимовиќ претходно ја реализираа кампањата во којашто фудбалерот ја рецитираше националната химна, истовремено ловејќи во суровите шведски шуми.

[FAG id=24530]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гига-фабриката за батерии на Tesla се отвора на 29-ти јули

Volkswagen Т1 стар шеесет години поскап од нов Porsche