за

Зборувањето на мобилен најмногу ги загрижува возачите

Зборувањето на мобилен најмногу ги загрижува возачите

Зависниците од социјални мрежи, пијаните и дрогираните возачи, како и зборувањето на мобилен телефон најмногу ги загрижуваат возачите. Тоа го открива анкетата што ја спроведе британската агенција за безбедност во сообраќајот.

Истражувањето што го спроведе британската агенција за безбедност во сообраќајот покажа дека возачите се чувствуваат најмногу загрозени од луѓе што се занимаваат со социјалните мрежи или испраќаат пораки додека возат, од пијани или дрогирани возачи, како и од зборувањето на мобилен. Возачите трета година по ред ги наведуваат истите причини за загриженост.

Анкетирани биле над 2.000 возачи, од кои повеќе од 90% навеле дека се најмногу загрижени за својата безбедност од возачите кои ги проверуваат своите профили на социјалните мрежи или испраќаат пораки. Четири од пет анкетирани лица сметаат дека проблемот е поголем отколку пред три години.

Подеднакво е голема опасноста и од возачите што се под дејство на алкохол или дроги. Половината од анкетираните возачи сметаат дека опасноста од возењето под алкохол е иста како пред три години, но има нов момент во поглед на корисниците на дроги. Според две третини од возачите, проблемот со користењето дрога се зголемил во последните три години.

Зборувањето на мобилен преку „хендс-фри“ е прифатливо за 60% од возачите и покрај свесноста дека тоа го одвлекува вниманието при возењето

Како други опасности за личната безбедност се наведени зборувањето на мобилен телефон (90%), пребрзото возење низ населба (87%), минувањето на црвено светло (87%) и заморените возачи (86%). Насилството зад воланот е наведено како проблем од 75% од анкетираните возачи.

Во поглед на своето однесување зад воланот, 30% од анкетираните навеле дека возат побавно од останатите, 55% кажале дека возат со иста брзина, а само 15% или еден од седум возачи бил искрен да открие дека вози побрзо од сите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Urus

Lamborghini Urus прославен како државен празник

toyota collection germany

Германија доби храм за обожувателите на Toyota