за

За следното лето: Кабриолет од серијата 2 на BMW

4. BMW 2 SERIES, продадени примероци 5,983 –

Практика на производителите е нови кабриолети да се претставуваат откако летото ќе почне да се повлекува. Луѓето веќе го исчекуваат следното лето, го сонуваат новиот кабриолет – така барем посакуваат во BMW.

Двојката во ознаката на моделите на BMW се повикува на долгата традиција на серијата 02 и ги погодува познавачите на баварската марка таму каде што се најчувствителни. Баварците сега го претставуваат кабриолетот од серијата 2, којшто го користи како основа купето од истата серија и со широките задни крила јасно укажува на задниот погон на моделот, по што „двојките“ се разликуваат од компактите од серијата 1.

Во споредба со стариот кабриолет од серијата 1, новакот порасна за 72 милиметри во должина на 4,43 метри, ширината се зголеми за 26 милиметри на 1,77 метар, а меѓуоскиното растојание за 30 милиметри на 2.69 метри. Со тоа се постигна повеќе простор во кабината и полесно пристапување и излегување за патниците на задната клупа. Багажникот исто така порасна за 30 литри на 335 литри при подигнат покрив, односно за 20 литри на 280 литри при спуштен покрив. Задната клупа сега полесно се соборува преку рачките во багажникот, а зголемен е и отворот за долги предмети, од 246 на 450 милиметри.

Платнениот покрив со темелна звучна и термо изолација се затвора и отвора за 20 секунди при брзини до 50 km/h. Покривот може да биде во една од трите бои: Стандардно во црна боја, и со доплата во графитна боја со сребрен ефект или кафена со сребрен ефект. Во внатрешноста повторно владее впечатокот како да се седи на бродска дек-палуба.
Четирицилиндарските бензинци од два литра со твин-турбонатполнење постигнуваат 184 КС во 220i Cabrio и 245 КС во 228i Cabrio, додека новиот четирицилиндарски дизел од два литра доаѓа до 190 КС во моделот 220d Cabrio. Како опција за шестстепениот мануелен менувач се нуди автоматик со осум степени. Исто како кај купето, врв во гамата на моделот е M235i Cabrio, со трилитарски шестцилиндарец со твин-турбонатполнење и 326 КС, спортско подвозје, пакет спојлери и унапреден дизајн во кокпитот.

Технички податоци
BMW M235i Steptronic

Должина x ширина (во m): 4,43 х 1,77
Меѓуоскино растојание (m): 2,69
Мотор: R6-бензинец, 2979 ccm, Twin-Turbo, директно впрскување
Моќност: 240 kW / 326 КС од 5600 – 6000 врт/min
Вртежен момент: 450 Nm од 1300 – 4500 врт/min
Крајна брзина: 250 km/h
Забрзување 0 до 100 km/h: 5,0 ѕ.
Просечна потрошувачка: 7,9 l
Емисија на CO2: 184 g/km (Euro 6)
Багажник: 335 l (подигнат покрив), 280 l (спуштен покрив)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Редок примерок на Fiat 500 оди на наддавање во Англија

По Адам доаѓа следното големо име во Opel: Карл е новиот модел на Германците