за

За пет месеци продадени 40 милиони автомобили низ светот

Во првите пет месеци од годинава низ светот се продадоа повеќе автомобили отколку во истиот период лани. На првото место на најуспешни автомобилски марки и натаму се наоѓа Toyota. Најголем раст во продажбата има кај Geely, Renault и Mercedes. Корејскиот Hyundai е во голем минус.

Во периодот од јануари до мај, низ светот се продадоа 38,4 милиони автомобили. Тоа претставува раст од 2,4 проценти во споредба со истиот период лани. На шампионската позиција се наоѓа Toyota со 3,6 милиони автомобили (+4,9%). Пазарниот удел на Јапонците изнесува 9,15 проценти, што значи дека речиси секој десетти продаден автомобил низ светот годинава го носи знакот на Toyota.

Volkswagen е втор со 2,7 милиони возила и раст од само 0,5 процент. Пазарниот удел на германската марка изнесува 7,18 проценти. Третото место му припаѓа на Ford, со 2,5 милиони продадени автомобили и пад од 1,6%. Американците држат 6,85 проценти од светскиот пазар.

Кинескиот сопственик на Volvo со неверојатен раст во продажбата од близу 80 проценти

Најголем раст во продажбата имаат забележано кинеската марка Geely, со 447.717 возила или за 76,7% повеќе возила отколку во периодот од јануари до мај лани. Солидно зголемување има и кај индискиот Maruti, кој пласирал 659.462 возила на светскиот пазар (+16,3%). Следи Mercedes со 12,6% и вкупно 1.044.352 продадени возила, како десетти најуспешен производител на автомобили.

Hyundai се соочува со голем пад во продажбата. Во првите пет месеци, корејската марка продала за една десетина помалку автомобили отколку во истиот период лани. Марката во секој случај го држи шестото место на најпродавани марки во светот, пред Chevrolet, Kia и Renault.

Поголемиот раст во продажбата на Honda може да го симне Nissan од четвртото место

Голема неизвесност владее околу четвртото место. Моментно позицијата му припаѓа на Nissan, меѓутоа конкурентот Honda заостанува со тесна разлика и со значително поголем раст во продажбата од 9,9 наспроти 6,3 проценти.

Новите партнери Peugeot и Opel, обајцата се во минус, исто како и третиот во друштвото германски премиум марки, Audi.

Светска продажба на автомобили во периодот од јануари до мај

Марка

Продадени возила

Промена во %

Пазарен удел во %

1

Toyota

3.616.378

+4,9

9,15

2

Volkswagen

2.719.144

+0,5

7,18

3

Ford

2.542.657

-1,6

6,85

4

Nissan

2.129.908

6,3

5,32

5

Honda

2.078.050

9,9

5,02

6

Hyundai

1.749.524

-10,6

5,19

7

Chevrolet

1.566.938

-1,1

4,20

8

Kia

1.133.993

-14,4

3,51

9

Renault

1.060.832

11,7

2,52

10

Mercedes

1.044.352

12,6

2,46

11

BMW

857.572

6,0

2,15

12

Peugeot

839.409

-4,6

2,33

13

Audi

761.973

-4,8

2,12

14

Fiat

691.896

4,8

1,75

15

Maruti

659.462

16,3

1,50

16

Mazda

656.893

3,9

1,68

17

Suzuki

640.326

4,1

1,63

18

Changan

623.853

-1,4

1,68

19

Jeep

592.963

-2,0

1,61

20

Wuling

570.820

-1,2

1,53

21

Buick

560.318

-1,7

1,51

22

Opel

492.732

-3,1

1,35

23

Skoda

485.980

1,9

1,27

24

Mitsubishi

448.177

6,2

1,12

25

Geely

447.617

76,7

0,67

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

subaru wrx sti type ra nbr

Subaru вети и го собори рекордот на Нирбургринг

индија сообраќајно секојдневие

Индија забранува возила со автономна технологија