за

За автопилотот да прогледа подобро: Tesla собира видеоснимки од возилата

Tesla ќе ги анализира снимките од камерите во своите автомобили заради усовршување на техниката за автономно возење. Традиционалните производители за таа цел користат сопствени тимови, што е скапа и долготрајна постапка. Но, корисниците на Tesla никогаш не се побуниле.

Калифорнискиот производител на електрични возила ќе ги користи видеата што се снимени од камерите во возилата. Tesla ја наведе таа информација во декларацијата за заштита на податоците во последното обновување на софтверот за таканаречениот „автопилот“. Производителот ќе ги користи видеоснимките заради подобрување на работата на техниката за автономно возење.

Преку видеоснимките од надворешните камери на возилата на Tesla ќе се бара најдобриот начин за автоматско распознавање на хоризонталната сигнализација на патот, на сообраќајните знаци и на семафорите. Намерата е да се обезбедат колку е можно повеќе и колку е можно поразновидни сообраќајни ситуации и сценарија. За таа цел Tesla ќе ги користи своите клиенти. Големите или подобро кажано традиционалните производители обично трошат милионски суми и извозуваат милиони километри за усовршување на техниката во своите возила. Tesla ќе го направи тоа на многу поелегантен и поевтин начин.

Производителот на електромобили гарантира анонимност при користењето на видеата и ја исклучува можноста преку снимките да се открие за кое возило станува збор. Но, не се исклучува можноста Tesla да им го препушти видеоматеријалот на фирмите со коишто соработува.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Унгарија го произведе тримилионитиот Suzuki

На Mercedes му проработе ѕвездата: Рекорди 50 месеци по ред