за

Затвор до 4 години за брзите возачи во Швајцарија

Пребрзото возење по швајцарските патишта се санкционира драстично. Возењето во град за 50 km/h побрзо од дозволеното може да повлече и до четиригодишна затворска казна.

Со програмата ViaSicura што стапи на сила уште на 1-ви јануари 2013 година, Швајцарците воведоа ригорозни казни за возачите со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот. Според оваа програма, пребрзото возење се смета како сериозен кривичен прекршок, за кого што единствено во Швајцарија може да се „заработи“ затворска казна во траење од една до четири години.

Како пребрзо возење се смета ако брзината во зони со ограничување на 30 km/h се пречекори за најмалку 40 km/h, ако во град се вози 50 km/h над дозволеното, на регионални патишта 60 km/h и на автопат 80 кm/h над ограничувањето. Доколку пречекорувањето е значително над дозволеното, дополнително следува и судска постапка за одземање на возилото. Затворската казна не може да се одлежи надвор од Швајцарија, но во случај судските органи да донесат пресуда, за обвинетото лице се распишува налог за притвор при негово враќање во земјата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan и Mitsubishi во заеднички развој на евтин електромобил

Новиот Kia Sorento со ентериер како во премиум класа