за

Заминува главниот конструктор на GM поради скандалот со бравите

По кобната серија незгоди поради дефект на контакт бравите, главниот конструктор Џон Калабрезе мора да го напушти General Motors. Високиот менаџер долго знаел за дефектот на возилата.

Уште не е утврдено колкава е вината на 55-годишниот Џон Калабрезе во скандалот, но во секој случај се работи за досега највисоко рангиран менаџер што мора да си замине од концернот поради милионскиот сервисен повик на дефектните возила во февруари. Од документите со коишто располага американскиот конгрес произлегува дека Калабрезе најмалку еднаш бил информиран за проблемите со контакт бравите. General Motors засега молчи околу овој факт и тврди дека заминувањето на главниот конструктор не е поврзано со дефектните контакт брави.

General Motors се соочува со голем број тужби во скандалот. При незгодите што биле предизвикани од дефектните контакт брави, во последните години загинале 13 лица. Концернот повика 2,6 милиони возила во сервис заради отстранување на дефектот. Американските органи водат истрага зошто General Motors чекал толку долго со објавувањето на сервисниот повик, иако проблемите биле познати подолго од десет години.

За уништувањето на имиџот да се стави под контрола, првата дама на концернот Мери Бара уште во март му изрече отказ на шефот за безбедност и на негово место беше поставен Џеф Бојер, кој работи веќе четири децении во GM. Двајца инженери се отпуштени од работа поради скандалот.во средината на април, Мери Бара се збогува и со шефицата на персоналот Мелиса Хауел и со шефот на одделението за комуникации Селим Бингол. Според концернот, заминувањата на овие лица не се поврзани со серијата дефекти на возилата.

Во скандалот се спомнува и Continental. Американскиот концерн го обвинува добавувачот дека воздушните перници што тој му ги испорачал на GM не функционирале при исклучено палење. Гигантот од Детроит смета дека не може да сноси одговорност за случаите пред 2009 година, кога претпријатието излезе од стечај, затоа што правно станува збор за ново претпријатие.

Во меѓувреме претстојат нови проблеми за General Motors. Американските органи за безбедност во сообраќајот исшпитуваат дали постои дефект во автоматскиот систем за сопирање во моделот Chevrolet Impala. Од овој модел се продадени околу 60.000 возила во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Citroen C-XR само за Кинезите

Renault ќе го враќа рекордот на Нирбургринг