за

Заживува продажбата во Шпанија: 50.000 нови регистрации во септември

Со 47.175 нови регистрирани возила септемвриската продажба на шпанскиот пазар забележа раст од речиси 30 проценти во споредба со истиот месец лани.

Ова зголемување укажува на повторно заживување на иберискиот пазар. За целиот период на првите девет месеци пазарот сепак е во минус од 1,6 проценти во споредба со ланскиот период. Најпродавана марка е Volkswagen со 4.353 возила, пред Peugeot (3.693) и Ford со 3.381 возила, додека домашниот Seat се најде на шестото место со 2.704 возила. За трите квартали продажбата на Volkswagen достигна 48.156 возила, додека Seat продаде 46.650 и Opel 42.996 возила.

Во септември Шпанците купуваа најмногу Volkswagen Golf (1.455 возила), Citroen C4 (1.406) и Peugeot 308 (1.320). На ниво на деветмесечна продажба, Seat Ibiza ја зацврсти првата позиција со 18.361 возила, пред C4 (17.946), Renault Megane (17.926) и Opel Corsa (16.818).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За сонот за Bentley да биде пореалистичен

Турбо мотори од BMW ќе му даваат сила на новиот Mini