за ,

Женева 2015: Toyota Avensis со нов изглед и два нови дизела

Премиера на салонот во Женева има и освежената генерација на најголемата лимузина на Toyota на европскиот пазар. Дизајнот претрпе неколку промени, светлата добија диодна техника, подвозјето е оптимирано, намалено е и нивото на бучава и вибрации. Со новиот нос, должината на Avensis се зголеми за четири сантиметри. Сите моделски изведби добија повисоко ниво на активна безбедност во рамките на „Toyota Safety Sense“. Во стандардниот пакет на опрема е додадено предактивирање на безбедносните системи при опасност од судир, самостојно запирање и автоматика за долго светло.

Подобрен е квалитетот на материјалите во ентериерот, исто како и комфорот на седиштата. Во долното подрачје на средишпната конзола сега доминира дисплеј на допир со пречник од осум инчи. Освежувањето на кокпитот се комплетира со нов волан и нова рачка на менувачот. Преработени се и ракувањето и чувството при допир на сите прекинувачи.

Најзначајните новитети сепак се под хаубата. Нов е 1,6-литарскиот дизел со 112 КС, во замена за стариот дволитарец. Нoвиот 2.0 D-4D ослободува 143 КС, заменувајќи го 2,2-литарскиот дизел. Нормираната потрошувачка изнесува меѓу 4,1 и 4,5 литри на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Женева 2015: Edag Light Cocoon има „платнена“ каросерија

Женева 2015: На Audi Q7 E-Tron му е доволен 1,7 литар гориво