за ,

Женева 2015: Qashqai од Renault

Renault Kadjar

Откако партнерот Nissan постигна исклучителен успех со продажбата на Qashqai, сега и Renault претставува компактен кросовер. Французите го претставија новиот Kadjar на салонот во Женева, со должина од 4,45 метри и висина од 1,6 метар, чијашто техничка основа потекнува од Nissan Qashqai. Со елегантната странична линија и впечатливите странични лајсни, Kadjar го следи стилот на помалечкиот модел Captur. Со 19 сантиметри растојание од подлогата и агли на пристап и заминување од 18, односно 25 степени, кросоверот ќе ги совладува и пречките на теренот.

Kadjar ќе се нуди во верзии со преден погон и со погон на сите тркала. За потешки услови на теренот, возачот може да го вклучи теренскиот модус, кога силата се распределува рамномерно меѓу предната и задната оска, во сооднос 50:50. Основниот дизел од 1,5 литар располага со 110 КС и просечно троши 3,9 литри дизел на сто километри. За оваа погонска изведба се нуди и менувач со двојна спојка. Вториот понуден дизел е 1,6-литарецот со 130 КС, а понудата од мотори ја комплетира бензинецот TCe 130 со зафатнина од 1,2 литар и турбонатполнење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Женева 2015: Премиера на Hyundai i20 во верзија со три врати

Женева 2015: Suzuki најавува нов модел за почетокот на следната година