за ,

Женева 2015: Премиера на Hyundai i20 во верзија со три врати

Hyundai i20 Coupe

Hyundai ќе ја продава верзијата на i20 со три врати како независен купе модел со дизајн што се разликува од семејната верзија со пет врати. Во Женева денес имаше светска премиера Hyundai i20 Coupe. Со впечатливо легнатите столбови, купето значително се разликува од комбилимузинскиот i20. Страничните прагови и задниот спојлер исто така му даваат динамичен изглед на возилото. Дури и дизајнот на маската се разликува од стандардниот модел. За новиот i20 Coupe, Корејците ексклузивно ја нудат портокаловата боја на каросеријата.

Новиот модел со драстично сменет опаш има и поголем багажник од комбилимузината. Багажникот од 336 литри е рекорд во класата. Под хаубата работи бензински мотор со 100 КС или дизел со 90 КС. Кон крајот на годинава во понудата ќе се најде и новиот трицилиндарски бензинец со трубонатполнење, во верзии со 100 и 120 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Женева 2015: Porsche за тркачка патека и за секој ден

Женева 2015: Qashqai од Renault