за ,

Женева 2015: На Audi Q7 E-Tron му е доволен 1,7 литар гориво

Audi Q7 E-tron quattro

Audi го претстави Q7 E-Tron Quattro како свој втор модел со хибриден погон со надворешно полнење. Големиот теренец на Audi е прв модел на пазарот со плаг-ин хибридна технологија, којшто комбинира шестцилиндарски дизел и постојан погон на сите тркала. Трилитарскиот дизел и електромоторот заедно даваат системска силина од 373 КС и 700 њутнметри. Тоа е доволно за шест секунди забрзување до сто и крајна брзина од 225 km/h. Според нормата што важи за хибридни возила, хибридниот Audi троши 1,7 литар дизел на сто километри и испушта 50 грами СО2 на километар, што е нов рекорд во класата. Планираниот старт на продажбата е напролет во 2016 година.

ampnet_photo_20150303_095163

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Женева 2015: Toyota Avensis со нов изглед и два нови дизела

Женева 2015: Европско деби на Lexus LF-C2