за ,

Женева 2015: Брзото комби на Seat

Со комби изведбата Leon ST, којашто Шпанците ја прикажуваат на салонот во Женева, се комплетира спортското семејство модели Cupra. Новиот дволитарец со турбонатполнење и директно впрскување од регалот на Volkswagen е достапен во верзии со 265 и 280 КС. Комбито со максимален багажен простор од 1.470 литри во посилната верзија забрзува до сто за само шест секунди. Спортскиот модел е опремен со приспособлива амортизација, блокада на диференцијал, прогресивно управување, специјален „возен профил Cupra“ и диодни предни светла, како и со сопирачки Brembo. Заради внесување личен печат, сопственикот може да нарача куќиштето на ретровизорите, рамката на маската, бандажите и натписот Cupra на задниот капак да бидат во бела, црна или портокалова боја.

seat leon st cupra 201503041

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Женева 2015: Европско деби на Lexus LF-C2

Женева 2015: Теренецот на Seat добива конечна форма