за ,

ЕУ бара потивки автомобили

До 2024 година новите автомобили не смеат да бидат погласни од 68 децибели, место сегашните 74 децибели. Намалувањето на бучавата е дел од заштитата на животната средина.

Европскиот парламент изгласа нови мери за намалување на бучавата од сообраќајот. Според декларацијата на Комисијата на ЕУ, оптоварувањето на животната средина од бучавата од возилата со новите правила ќе се намали за околу една четвртина. На тој начин граѓаните ќе се заштитат од штетните последици на бучавата врз здравјето.

Просечен нов автомобил во 2024 година не смее да биде погласен од 68 децибели

Парламентот пропишува просекот на новите автомобили до 2024 година да биде под границата на бучност од 68 децибели, место сегашните 74 децибели. Индустријата мора постепено да ги проспособува вредностите на бучноста на возилата меѓу јули 2016 и јули 2024. За споредба, нормален разговор произведува 55 децибели, а пневматски чекан може да произведе околу 90 децибели.

Звучното предупредување ќе биде задолжително кај тивките возила од 2019 година

Хибридните и електричните автомобили исто така ги загрижуваат европските парламентарци. За пешаците и велосипедистите да можат подобро да ги слушнат овие возила, новите моделски годишта мора да поседуваат звучно предупредување од 2019 година, односно од 2021 година за сите нови возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan преоѓа во засилена офанзива на македонскиот пазар

BMW ќе произведува серија 9 за кинескиот пазар?