за

Електрично Mini пристига во 2019 година

Електрично Mini, електрични возила

Додека е под обвинение за картелско здружување коешто е зачеток на дизел-скандалот, BMW најавува дека по две години ќе стартува со продажба на електрично Mini. Баварците располагаат со техника којашто ќе овозможи електрификација во сите моделски серии од концернот.

Електрично Mini ќе се појави во понудата на британската марка во 2019 година. Не е случајно тоа што токму денес пристига соопштение коешто ја „чисти“ групацијата BMW од сомнението за картелско здружување со останатите германски производители. Минхенскиот концерн, заедно со Daimler и Volkswagen, години наназад воделе тајни преговори околу цените, изборот на добавувачите и развојот на техниката. Од постоењето на овој картел, меѓу другото потекнуваат и основите на дизел-скандалот.

Електрично Mini како дел од квартетот возила со погон на струја до 2021 година

BMW најавува дека секоја година во понудата на своите марки ќе воведува модели со чисто електричен или плагин-хибриден погон. Оваа електрификација ќе ги опфати сите моделски серии, од обете марки BMW и Mini. По 2020 година ќе следат и повеќе моделски серии со електричен погон од подмарката BMW i, покрај веќе потврдениот BMW i Next.

Во 2019 година во салоните ќе се појави електрично Mini во каросериска изведба со три врати. Електричната погонска спрега ќе се произведува во фабриките во Динголфинг и Ландсхут. Завршната монтажа ќе следува во Оксфорд. Матичната фабрика на Mini е избрана за електричниот модел затоа што тука се произведуваат најмногу примероци од верзијата со три врати.

BMW продаде 100.000 електрични возила за три години

За 2025 година, BMW очекува моделите со електрифицирана погонска спрега да учествуваат во продажбата со 15 до 25 проценти. Организацијата на производството во групацијата дозволува на иста линија да се изработуваат модели со обичен мотор, плагин-хибриди и верзии со електричен погон.

Една година пред стартот на електричното Mini пристига BMW i8 Roadster, во 2020 следи електричен BMW X3. Со девет модели со електричен или плагин-хибриден погон, BMW моментно располага со најширока понуда. Последен член е хибридниот Mini Cooper S E Countruman All4, којшто се произведува во Холандија.

Електричен тротинет со знак на BMW и цена од 2500 евра

За годинава групацијата очекува продажбата на возила со електрифицирана погонска спрега да достигне 100.000 примероци. Исто толку возила се произведени од 2013 година досега. BMW уште во 2008 година го понуди Mini E, во рамките на пилот-проект. Овие искуства потоа доведоа до серискиот старт на BMW i3 и i8.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

jaguar xjr575

Дизајнерот на Jaguar во интервју од „300 километри на час“

германски производители на автомобили

И американските судови се острат против германскиот картел