за

Електричните автомобили се корисни и кога стојат

Автомобилите што возат на батерии се добри за животната средина да не се претвори во скопски воздух. Но, тие за добри за уште нешто. За струја за ладилникот в кујна, на пример.

Научниците од Универзитетот за применети науки во Швајнфурт измислија уред што овозможува енергијата акумулирана во батериите на електричните автомобили да се користи за напојување на потрошувачите на струја во домаќинството. За разлика од вообичаените полначи што се наменети само за полнење на батериите на електромобилите, новиот полнач на германските експерти овозможува двонасочен тек на струјата, што значи дека таа може да тече и обратно, од батериите на автомобилот до струјната мрежа во домот. На тој начин, автомобилските батерии служат и како извор на струја.

Струјата од фотоволтаичките колектори може да се акумулира во батериите на електромобилот и подоцна да се искористи за напојување на домот

Нормалниот свет што повеќе се занимава со проблемите со енергетиката, отколку со ветувањата за изградба на бескорисни автопатишта, со особен интерес ги следи електричните автомобили и не ги гледа само како превозни средства, туку и како дополнителна можност за акумулирање на енергијата. Струјата што ќе се произведе во енергетските капацитети, мора веднаш и да се потроши. Но, производството на струја не може да се регулира секогаш. Алтернативните извори можат да произведуваат струја само во одредени услови, односно кога пече сонце или дува силен ветар. Ако тоа се случува кога светот одмора, односно кога е намалена тековната потрошувачка на струја, таа е буквално бескорисна. Тука стапуваат на сцена електричните автомобили.

Новите генерации на електрични автомобили како Mitsubishi i-MiEV и хибридите со можност за надворешно полнење на батериите како Outlander PHEV веќе се предвидени за двонасочни полначи. Тоа што недостигаше досега беше интерфејс што на интелигентен начин ќе ги приклучи возилата во струјната мрежа – и токму тоа е пронајдокот на германските експерти, интерфејс за контролирано полнење и празнење на електричните автомобили.

10.000 возила на батерии како Mitsubishi i-MIEV можат да снабдувааат со струја 20.000 домаќинства – секој ден

Пронајдокот е особено корисен за приватните корисници што имаат инсталирано фотоволтаички соларен систем во домот. Тој овозможува струјата што се произведува во колекторите при сончевото зрачење да се акумулира во батериите во возилото и потоа да се троши по потреба за напојување со струја на домашните потрошувачи. Теоретски, електричен автомобил како Mitsubishi i-MIEV може да го снабдува домот со струја во период од еден до два дена.

Ако се гледа во поголеми размери, сите електрични автомобили на територија на општина или држава може да се користат за акумулирање на енергијата што се добива од алтернативните извори. Во Јапонија веќе две години се продава двонасочен полнач за тамошната струјна мрежа, по цена од околу 1.000 евра, но со значително помал капацитет на празнење од германскиот полнач – соодносот меѓу двата уреда е 1,5 киловат, наспроти 20 киловати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десетте пионерски кросовери пред ерата на кросоверите

Mercedes го подготвува за старт купето од класата C