за

Електричните автомобили ги ладат градовите

Летото е далеку. Но, за кусо време народот повторно ќе се жали на жештините. Електричните автомобили можат да помогнат во нивното спречување. Тоа го покажа едно меѓународно истражување.

Покрај тоа што помагаат да се намали загаденоста на воздухот од издувните гасови, електричните автомобили можат да бидат решение и за намалувањето на „жежок остров“ во градските средини. Автомобилите со погон на струја оддаваат помалку топлина во споредба со возилата со обичен погон, па со тоа го намалуваат и ефектот на загревање на урбаните средини. Тоа го покажува студијата на Универзитетот Мичиген и на Универзитетот Хунан во Кина. Како придружен ефект, клима уредите во домовите и деловните објекти работат помалку, поради намалената температура во градската средина. Токму клима уредите се вбројуваат меѓу најголемите загревачи на градската средина, заедно со возилата.

Позитивниот ефект на електричните автомобили се разгледуваше посебно за кинеската престолнина Пекинг. Доколку сите автомобили во градот се заменат со електрични, просечната температура во лето би се намалила за цел еден степен Целсиузов. Дополнително би се заштедиле и 14,4 милиони киловатчасови струја за работа на клима уредите, додека емисијата на СО2 би се намалила за близу 12.000 тони дневно. Заштедената струја во одреден дел би се искористила за полнење на батериите за електричните автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиера на новата генерација на Lexus RX на салонот во Њујорк

Кинеската телевизија изнуди сервисен повик на Land Rover