Продажбата на новата лимузина на специјалистот за погон на струја ги надмина сите очекувања во Норвешка. Tesla S е најпродаван модел, Golf е дури на второто место.
Во периодот од почетокот на август до средината на овој месец, во Норвешка се продадоа 322 примероци од Tesla Model S. Со тоа, лимузината со погон на струја е најпродаван модел во овој период, пред Golf, кој се продаде во 256 примероци. Учеството на Model S во вкупната продажба на автомобили во кралството на електричните автомобили достигна дури 6,2 проценти во последниве триесетина денови. Причината за високите бројки е тоа што голем број од клиентите што го нарачаа новиот модел на Tesla го добија возилото во периодот.