за

Експерт од Volvo го презема развојот на техниката во Audi

Име што е добро познато во автомобилските кругови го презема шефовското место во одделот за истражување и развој во Audi. Петер Мертенс пристига од Volvo и ќе биде задолжен слоганот за напредокот преку техниката на Audi да го врати полниот сјај. Причината што човек однадвор е поставен директно на раководителска позиција во премиум марката, лежи во аферата со издувните гасови.

Audi има нов човек што ќе се грижи за развој на техниката. Петер Мертенс пристига во марката со четири прстени од претходното место на шеф за развој во Volvo. Германецот со богата стручна експертиза и меѓународно искуство во автомобилската индустрија го заменува Штефан Книрш, кој ја напушти својата раководителска позиција во септември. Според шефот на Audi, Руперт Штадлер, Мертенс располага со „исклучителни квалификации за поттикнување на натамошниот развој во Audi“.

Daimler, Opel, General Motors, Land Rover и Jaguar, Volvo, а сега Audi

Првиот ангажман на Мертенс во автомобилската индустрија е во Mercedes, кадешто во 1996 година е назначен за директор во Tagaron Telematics, заедничка компанија на Daimler и Deutsche Telekom. Потоа следат Opel и General Motors, за кон крајот на 2010 година, инженерот да премине во Jaguar Land Rover. Во април 2011 година, Мертенс го презема раководителското место во истражувањето и развојот во Volvo.

Првите позиции во развојните оддели на производителите на автомобили обично се пополнуваат со сопствени експерти, но поради аферата со издувните гасови, на шефот Штадлер не му преостана друг избор освен да постави човек однадвор. Тешки задачи го очекуваат Мертенс во Audi, кадешто шведскиот техничар ќе мора да го постави развојот во нов правец, особено во поглед на преоѓањето од мотори со внатрешно согорување на хибриден и електричен погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

AUTO BILD посвети цело издание на електричните автомобили

Seat ќе го произведува големиот теренец во Волфсбург