за

Евтината нафта ги урива акциите на Tesla Motors

Милиони луѓе се радуваат за ниските цени на горивата. Но тоа на некои не им одговара, на пример, на акционерите и на вработените во специјалистот за електрични автомобили Tesla.

Опаѓањето на цената на нафтата го доведува во криза американскиот специјалист за електрични автомобили Tesla. Во последните три месеци, курсот на акциите се намали за една четвртина, а денес наутро тој достигна најниско ниво во период од седум месеци. Поради тоа што цените на горивата со години не биле на толку ниско ниво и повеќето експерти предвидуваат дека трендот на евтината нафта ќе продолжи во подолг временски период, иднината на електричните автомобили се доведува под знак на прашање.

Студијата објавена денес од инвестициската банка „Морган Стенли“ предвидува дека Tesla во периодот до 2020 година ќе продаде само 297.000 примероци од електричниот автомоби наменет за широките народни маси Model 3. Производителот првично планираше годишна продажба на најмалку половина милион примероци од овој модел. Во продажните статистики во САД веќе со месеци доминираат автомобили со висока потрошувачка на гориво, како пикапи и огромни теренци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најголемите моделски погодоци и утки во автомобилската историја

Lexus ќе го претстави конкурентот на BMW M5 во Детроит