за

Европа во купувачка еуфорија по хибридни автомобили

Продажбата на хибридни автомобили на европскиот пазар забележа огромен пораст во првото тромесечје. Најмногу нови сопственици на возила со алтернативен погон има во Шпанија и Германија. Се враќа и популарноста на погонот на гас.

Расте популарноста на автомобилите со хибриден погон меѓу европските возачи. Бројот на новорегистрирани возила со штедливиот и еколошки погон во првото тромесечје од годинава е зголемен за 61,2 проценти во споредба со истиот период лани.

Во земјите од ЕУ во првите три месеци се регистрирани 111.006 хибридни автомобили. Нивниот удел во вкупната продажба сепак останува незначителен. Во истиот период на европскиот пазар се регистрирани 4,14 милиони нови автомобили.

Најголемиот пораст во продажбата на хибридните возила е на шпанскиот пазар

Напредува и продажбата на електричните автомобили, кадешто освен возилата со „батериски“ погон спаѓаат и плагин-хибридите. За три месеци во ЕУ се продадени 47.196 возила со погон на струја или за 29,9 проценти повеќе отколку во првото тромесечје лани. Притоа, електромобилите постигнуваат значително поголем пораст (+49,0%), отколку плагин-хибридите (+13,0%). Бројките од продажбата на автомобилите со погон на автогас или метан потврдуваат дека европските купувачи се јасно ориентирани кон одржливите погонски решенија: Вкупно 54.743 автомобили со погон на LPG или CNG, односно за 10,4% повеќе отколку во првото тромесечје лани.

Сите овие возила со алтернативен погон постигнале продажба од вкупно 212.945 примероци. Од поголемите пазари, статистиката ја предводи Шпанија, со раст од дури 87,4 проценти, следат Германија со 67,5 проценти, Велика Британија (29,9%), Франција (24,8%) и Италија (17,2%). Овие бројки произлегуваат првенствено од зголемената продажба на електрични и плагин-хибридни автомобили, со исклучок на Италија, кадешто се враќа интересот за возилата со погон на автогас, кои учествуваат со повеќе од половина во вкупната продажба на автомобили со алтернативен погон.

Вклучувајќи ги земјите од ЕФТА, продадени се 235.438 возила со алтернативен погон за три месеци

Вклучувајќи ги Норвешка и Швајцарија, како најголеми пазари од Европската асоцијација за слободна трговија, вкупната продажба на возила со алтернативен погон во првиот квартал од годинава изнесува 235.438 примероци. Норвешка и натаму е предводник на алтернативниот погон. Продажбите на одделните видови погон во скандинавската земја: Електромобили (6.982), плагин-хибриди (5.607), хибриди (5.424).

Продажба на возила со алтернативен погон во ЕУ во првото тромесечје од 2017

Вид на погон

Продажба во прв квартал

Промена во %

Хибриден погон

111.006

+61,2

Погон на автогас, метан или етанол

54.743

+10,4

Електричен погон

24.592

+49,0

Плагин-хибриден погон

21.644

+13,0

Вкупно возила со алтернативен погон

212.945

+37,6

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен Nissan на маратон од 10.000 километри низ Европа

Кинеска компанија инвестира милијарди во фабрика за електромобили во Германија