за

Др. Дре: Основачот на Beats е најпрофитабилен музичар според Forbes

Преку продажбата на неговата фирма за слушалки, Др. Дре алијас Андре Јанг, заработил повеќе од кој било друг музичар во светот. Тоа го покажа истражувањето на Forbes.

Според истражувањето на американскиот економски магазин Forbes, раперот и хипхоп продуцент Др. Дре е најпрофитабилен музичар во светот во 2014 година. Магазинот проценува дека Др. Дре заработил 620 милиони американски долари или околу половина милијарда евра првенствено од продажбата на производителот на слушалки Beats, заедно со сервисот за стриминг Beats Music, сега во сопственост на Apple. Зделката беше тешка 3 милијарди долари, што е историски најголем издаток на Купертино за преземање на друга фирма.

На второто место меѓу музичарите со најголема заработка во 2014 година се наоѓа Бијонсе со 93 милиони евра. Пејачката исто така заработува добри пари преку Apple, откако нејзиниот последен албум се појави ексклузивно на iTunes. „Иглсите“, познати по нивниот „Хотел Калифорнија“ уште успеваат да се најдат на победничкиот пиедестал, со 80 милиони евра. На четвртото и петтото место се уште двајца музички метузалеми, Бон Џови и Брус Спрингстин. Тејлор Свифт, Џастин Тимберлејк и Пинк не се ниту меѓу првите десет места.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Uber доби помош од 600 милиони долари од Кина

Два без еден: Трицилиндарец за најмалечкото купе на BMW