за

Доцни испораката на Mini Cooper D поради гласниот дизел

Поради проблеми со акустиката на трицилиндарскиот дизелски мотор, купувачите на Mini мора да се стрпат додека производителот го реши проблемот.

Mini мора да ја одложи испораката на новата генерација на Mini Cooper D откако при тестирањето на возилата беше утврден проблем со звукот на моторот. Во Cooper D се вградува нов мотор со три цилиндри и зафатнина од 1,5 литар, но тој работи погласно отколку што се очекуваше. Инженерите веќе работат на отстранувањето на проблемот и компанијата нема да стартува со испорака на моделот сé додека не се достигне посакуваното ниво на бучност. На тој начин Mini сака да ја избегне потребата од подоцнежна сервисна акција. Купувач на Mini Cooper D од Британија го добил возилото наутро, но веќе истата вечер добил повик од дилерот за возилото да се врати во салонот.

Cooper D е најекономичен модел во понудата на Mini со просечна потрошувачка од 3,5 литри дизел на сто километри и емисија на СО2 од 92 g/km. Иако моторот има еден цилиндар помалку отколку во претходната генерација на Mini, неговата моќност се зголеми од 112 на 116 КС, додека вртежниот момент изнесува 270 њутнметри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Range Rover Sport RS ќе добие мотор со 550 КС

Renault и Nissan одбележаа 15-годишнина