за

Долга пауза до следниот лет? Време да се проба Porsche!

Спортската марка Porsche и авио-компанијата Lufthansa им нудат можност на патниците во прва класа на аеродромот во Минхен да го поминат времето до следниот лет на најзабавен начин – со пробно возење на модел на Porsche.

Чекањето на следниот лет е една од најздодевните (не)активности. Компанијата Lufthansa има решение како нејзините патници во прва класа да го минат времето на незаборавен и возбудлив начин додека чекаат лет на аеродромот во Минхен. Партнерот Porsche обезбедува пробно возење во регионот на баварската метропола со Porsche 911 или Panamera. Од крајот на 2013 година, оваа услуга беше понудена за првпат на аеродромот во Франкфурт и оттогаш наиде на исклучително позитивна реакција и голем интерес меѓу патниците. Според Алберт Мозер, директор на Porsche Finansial Services, „тоа е возбуда од прва класа“.

Возилата може да се резервираат однапред во салонот за прва класа или да се преземат веднаш, доколку во моментот има возило на располагање. Тричасовно изнајмување со дозволени 150 километри, гориво и покриено осигурување чинат 99,11 евра. Во навигацискиот систем на возилата се однапред програмирани неколку атрактивни рути во и околу Минхен.

Porsche на овој начин ја продлабочува повеќегодишната соработка со Lufthansa, којашто се состои во превоз на патниците во прва класа и членовите на HON Circle со Porsche Panamera и Cayenne од авионот до терминалот и обратно. Покрај тоа, сопствениците на Porsche Card S можат бесплатно да остават возилото паркирано три денови на сите поголеми аеродроми во Германија. Предуслов е секако возилото да е од марката Porsche.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој е навистина светскиот мотор за 2015 година?

Швајцарија воведува минимална брзина за престигнување на автопат