за

Доделени наградите „Златен волан“ за 2014 година

За прв пат во историјата на „Златен волан“ се случува марка да освои три титули - поточно две марки: Volkswagen и Porsche се трикратни победници во изборот за 2014 година

Синоќа во Берлин беа доделени наградите „Златен волан“ за најдобрите автомобили во осум категории. Изборот го организира најголемата европска групација на автомобилски магазини, Auto Bild.

Европската групација на автомобилски магазини Auto Bild и најпродаваниот неделник во Германија „Bild am Sonntag“ синоќа по 39 пат доделуваа награди за најдобрите автомобилски новитети во 2014 година. Изборот со високо меѓународно реноме се одржува уште од 1976 година во организација на издавачката куќа Аксел Шпрингер и во браншата се смета како најважно автомобилско одликување во Европа.

Врвните менаџери од автомобилската индустрија ги примаа наградите во седиштето на Аксел Шпрингер во Берлин. Врачувањето на наградите се одржуваше на свеченост со околу 300 гости од автомобилската и добавувачката индустрија, од медиумите и политиката. Во изборот во оваа година учествуваа вкупно 45 новитети во осум категории.

Победниците за 2014 година:

– Компакт класа/Кросовери: Volkswagen Golf Sportsvan
– Средна/виша класа: Volkswagen Passat
– Спортски теренци: Porsche Macan
– Спортски возила: Porsche Cayman GTS
– Кабриолети (Избор на читателите): Porsche 911 Targa
– Градски возила (Избор на читателите): Mazda2
– Зелен волан: Volkswagen Golf GTE
– Почесен златен волан: Илон Маск, претседател на Tesla Motors

Жирито
Добитниците на „Златен волан“ ги избира независно жири, во чијшто состав влегуваат главните уредници на магазините од европската групација Auto Bild и на неделникот „Bild am Sonntag“, како и експерти за комуникациска технологија, дизајнери, познати личности, техничари и тркачки ѕвезди, како Матијас Екстром, Тимо Глок, Валтер Рерл и Сузи Волф. Финалистите претходно се избираат од читателите, по што следува тридневно тестирање од страна на членовите на жирито на патеката на Fiat и Pirelli во Балоко, Италија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој заработува од нашите траги на интернет?

Новиот Bugatti Chiron на насловната на Motor Revue