за

Добри и скапи: Велосипедите на BMW се исти како автомобилите

Возачите што полагаат во автомобилите на BMW ќе ги ценат и нивните велосипеди. Новата генерација велосипеди на BMW почнува од 899 евра. Се нуди дури и модел под знакот на M GmbH.

Исто како кај автомобилите, квалитетот и дизајнот се главни цели при развојот на велосипедите на BMW. Пред почетокот на сезоната Баварците ја претставија третата генерација на нивните велосипеди, која што се одликува со нов дизајн на рамката. Новите велосипеди се препознатливи по „биволскиот врат“, како што се нарекува преодот на горната цевка во предниот дел од рамката, којшто потсеќа на линијата на резервоарот кај мотоциклите. Друг новитет е тоа што заварите се измазнети и не се воочуваат, како и тоа што сите кабли се сокриени во рамката.

BMW Cruise M-Bike е најевтината можност за поседување модел со знакот на М GmbH
BMW Cruise M-Bike е најевтината можност за поседување модел со знакот на М GmbH

Изгледот на велосипедите е дело на DesignworksUSA, посестринска фирма на групацијата BMW. Нивните дизајнери посебно настојуваа изгледот на велосипедите да го приближат до основните црти на дизајнот на автомобилите од минхенската куќа и да се постигне фамилајрна сличност.

Освен во изгледот, иновации има и во техниката. За преносот се користат компоненти од реномираните производители Shimano и Suntour, а рамката е изработена со хидропостапка, што обезбедува висока цврстина и ниска тежина. На тој начин се постигнуваат брзини без силата на возачот да се троши непотребно. Слично како кај „Ефикасната динамика“ на автомобилите со сино белиот знак.

Новата генерација велосипеди ја сочинуваат BMW Cruise Bike и неговата спортска верзија BMW Cruise M-Bike, како и електричниот Cruise e-Bike и BMW Treking Bike. Првиот модел чини 899 евра на порталот за продажба на BMW и опремен е со предна вилушка SR Suntour XCT, пренос Shimano Deore со 30 степени, диск сопирачки Shimano BR-M395 со пречник од 180 милиметри и гуми Continental Cruise Contact. Велосипеди со знакот на BMW се произведуваат веќе 60 години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

General Motors повикува 1,4 милион возила во сервис

Jaguar XFR-S Sportbrake: Дива мачка за благородници со кусок на време