за

Дијагностика на автомобилот преку мобилен телефон

Фирма од Велика Британија верува дека нивниот систем воведува целосна револуција во откривањето на проблемите во електрониката на возилата. Потребен е само паметен телефон или таблет.

Фирмата Nebula Systems со седиште во Велика Британија претстави револуционерен систем за дијагностика на автомобилите Mech5, со која што професионалните механичари и сопствениците на возилата можат да извршат темелна проверка на електронските компоненти во автомобилот. Системот Mech5 целосно е базиран на интернет и може да најде примена и во телематиката, во водењето на возните паркови, како и во службите за прва помош.
Mech5 користи компактен уред за дијагностика (OBD) што се приклучува директно на портот за дијагностика на автомобилот и преку безбедна врска се поврзува на интернет, односно на Mech5-Cloud. На тој начин се добива безжичен пристап до изобилство информации што се меморирани во компјутерските системи во возилото (ECU). Преку интернет може да се пристапи до податоците од каде било во светот.

Ендрју Стир, шеф на продажба во Nebula Systems, објаснува: „Без разлика дали станува збор за автомобилски ентузијасти, професионални механичари или независни сервисни работилници – за прв пат корисници од секој профил добиваат пристап до неверојатно евтин и моќен систем, со чија што помош може сите електронски системи на автомобилот да се проверат стручно преку далечинска врска. Потребен е само пристап до интернет, без разлика дали во моментот се наоѓате покрај возилото или на друг крај на светот.“
Mech5 има повеќе нивоа на пристап и буквално секој може да го користи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Викенд во духот на историјата во Еуроимпекс

Audi RS7: Фејслифт на спортската машина