за

Дилери на Tesla сами ги доработуваат возилата?

Реномирани светски медиуми откриваат дека дилерите на Tesla мораат сами да ги вградуваат седиштата и дисплеите заради забрзување на производството.

Како што денес објавува реномираниот Financial Times, производителот на електрични автомобили Тesla им испорачува недоработени возила на дилерите. Тие мораат сами да го организираат вградувањето на испорачаните делови со возилото, како седишта и дисплеи. Прашањето што ги загрижува познавачите е: Како се проверува квалитетот на извршеното вградување?

Според истражувањата на FT, во производството на возилата на Tesla во Фремонт постои голем обем на рачна изработка. Неименуван експерт изјавил за медиумот дека досега немал сретнато толкав обем на рачна работа на производствена линија, како во Tesla. Две лица кои во минатата седмица ја посетиле фабриката, тврдат дека дури и сороботите од Kuka се управуваат рачно.

Tesla многу заостанува во производството на Model 3. Место 1.500 возила, во претходното тромесечје беа изработени само 260 примероци од моделот. Шефот Илон Маск наведе дека главната причина за доцнењето се проблемите во производството на батериските модули во гигафабриката во Невада.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Auris Hybrid Touring Sports

Тест: Toyota Auris Hybrid Touring Sports

амстердам лајден

Амстердам им дава предимство на велосипедистите и пешаците