за

Дизелската афера без влијание врз продажбата на Volkswagen во октомври

Аферата со софтверот во моторите не се рефлектираше драстично врз продажбата на Volkswagen. Слабите пазари во Русија и Бразил се причина за минусот од 4,7 проценти. Кина и САД и натаму се во раст.

Volkswagen продаде 4,84 милиони возила низ светот во периодот од јануари до октомври. Јирген Штакман, прв човек во продажбата и постпродажбата во марката од Волфсбург, ги коментира резултатите: „Volkswagen се соочува со големи предизвици. Освен со проблемот со дизелите, се соочуваме и со неизвесност на светските пазари. Ситуацијата во Бразил и Русија и натаму ни предизвикува загриженост, но затоа продолжуваме со растот на кинескиот пазар во октомври.“

Во Кина, како најголем единечен пазар, продажбата во октомври порасна за 1,8 процент, со што се прекинува негативниот тренд. Во целиот регион на Азија и Пацификот, Volkswagen испорача 2,32 милиони возила во првите десет месеци од годинава.

Аферата се рефлектираше врз „дизелската“ Европа, светот не ја губи довербата во Volkswagen

Привремениот прекин во продажбата на возила погодени со манипулацискиот софтвер со дизел моторите секако дека влијаеше врз пазарот во Западна Европа, каде што октомврискиот резултат заостанува со 1,3 процент зад ланскиот октомври. Продажбата порасна во Германија, Шпанија и Италија. Слабиот руски пазар, со пад од 25,7 проценти во октомври, влијае врз продажбата во регионот на Централна и Источна Европа. Некои земји, како Чешка и Полска, сепак забележаа голем раст во продажбата.

Во Северна Америка се продадоа 3,5 проценти повеќе возила во октомври, со зголемување од 0,2% во САД. Наспроти тоа, продажбата во Јужна Америка забележа пад од 27,2 проценти, со 291.300 возила во октомври, првенствено поради драстичното слабеење на бразилскиот пазар.

Октомври
2015
Промена
(%)
Јан.-Окт.
2015
Промена
(%)
Европа 142,300 -1.1 1,441,100 +2.7
Западна Европа 123,000 -1.3 1,269,900 +5.5
Германија 54,500 +1.9 503,000 +4.0
Централна и Источна Европа 19,200 +0.5 171,200 -14.6
Русија 6,900 -25.7 62,900 -39.0
Северна Америка 51,400 +3.5 494,700 +2.6
САД 30,400 +0.2 294,600 -2.2
Јужна Америка 34,800 -41.8 398,700 -27.2
Бразил 23,800 -49.6 291,300 -34.4
Азија и Пацифик 244,600 -0.9 2,321,700 -6.1
Кина 233,500 +1.8 2,147,500 -6.5
Свет 490,000 -5.3 4,839,600 -4.7

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Amazing Underwater Photos That Will Make You Want To Swim

Ford тестира автономни возила во симулирана градска средина